Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Заврши вонредното издание на „Д Фестивал“ во Дојран (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: ПАСВОРД ПРОДУКЦИЈА

МК Сцена

Заврши вонредното издание на „Д Фестивал“ во Дојран (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вонредното, распродадено издание на единствната летна авантура кај нас – Д Фестивал, кое се одржа во саботата, на главната бина во Дојран, помина во беспрекорна организација и почитување на протоколот од почеток до крај. Голем аплауз за најдобрата публика на Д фестивал која помогна фестивалот да порасне во стандард за организација на концерти.

Великаните на македонската музика, едни од најквалитетните музички изведувачи на домашниот терен – Суперхикс, Бернејс Пропаганда, Плутос Даутс, Дон Плеја, Бон Праскиза, Принцес Донатсу, Глуми и ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце, Ронин и Страјк.

По отворањето на фестивалските врати, програмата веднаш започна со еден необичен и интересен настап на GLOOMIE, каде публиката имаше шанса да го чуе и види процесот на правење музика и да гласа за најдобриот бит. За прв пат во Дојран, настапија младите и талентирани PLUTO’S DOUBTS, претставувајќи се со песните од нивниот прв албум “Сизиф”, а публиката имаше шанса и премиерно да го чуе нивниот нов сингл “Слепа за луѓе свои”. По нив, сцената ја преземаа предводниците на новиот трап звук – DON PLAYA, PRINCE$$ DONATSU & BON PRASKIZA, познати како MVR SVR. Како и секогаш, уникатни во својата изведба. Настапија и долгогодишните пријатели на Д Фестивал – BERNAYS PROPAGANDA, едни од најуспешните музичари во регионот и хероите на независната домашна музичка сцена. Без разлика дали станува збор за илјадници луѓе или лимитиран број на посетители, бандата инструментале SUPERHIKS повторно успеаја да ја разиграат и расположат публиката. За најдобар крај на вечерта, LD PISTOLERO придружен од DJ GOCE, RONIN и STRAJK, со нивниот енергичен и незаменлив настап ја затворија бината на Д Фестивал 2020.

This slideshow requires JavaScript.

Паркингот „Гранит” беше исполнет по сите стандарди и препораки за заштита од корона вирусот, а атмосферата во текот на целата вечер беше весела, безбедна и разиграна. Расположението на публиката, за нас, а и за изведувачите е најголемата награда за целиот вложен труд во организирање на еден ваков настан, одржан во посебни услови и за прв пат во историјата на фестивалот. Веројатно и еден од ретките европски фестивали кои успејаа да го одржат својот континуитет.

„Д Фестивал и пријателите” ќе се памети како изданието кога организацијата, изведувачите и публиката, заедно создадоа нови вредности, соодветни на времето во кое живееме.

Полн со надеж и позитивна енергија, Д Фестивал веќе се подготвува за своето наредно издание кое е закажано за 2-4 јули 2021 година. Првиот бран потврдени изведувачи со кои ќе го одбележиме роденденското издание е веќе објавен – KY-MANI MARLEY, MARKY RAMONE, BOOKA SHADE, REPETITOR & TELEMAMA, а наскоро публиката ќе ги дознае и останатите имиња кои ќе го посетат прекрасното Дојранско крајбрежје наредната година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.