Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Женскиот квартет The Frajle настапуваат во Битола

МК Сцена

Женскиот квартет The Frajle настапуваат во Битола

Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава започна со двата концерти на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на февруари поточно на 29-ти, сабота, од 20 часот ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет The Frajle.

Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како “Војводинско танго” во 11 години “музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метра во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 февруари Битола е на календарот.

Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, The Frajle се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа во кои ја пеат “Битола, мој роден крај”, а сите оние кои сакаат да ги слушнат четирите дами, во едно шоу, на 29 февруари можат да дојдат во Битола.

Картите ќе бидат пуштени во продажба од 19-ти февруари од 16 часот на билетарата во Центарот за култира во Битола.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.