МК Сцена
„Златни години“: Концерт на Владо Јаневски во Македонска филхармонија
„Авалон продукција“ го најави првиот проект за сезоната есен – зима. Македонската музичка легенда Владо Јаневски ќе одржи концерт во Македонската филхармонија на 16-ти ноември.
Концертот е насловен „Златни години“, a Владо ќе ги изведе своите најголеми, вечни хитови и евергрини.