Сцена
Моќен говор на Опра Винфри на доделувањето на „Златните глобуси“ (ВИДЕО)
Опра Винфри во својот моќен говор на доделувањето на Златен глобус објави „нова ера“ за жените и девојките кои биле подложени на сексуално малтретирање од влијателни мажи.
63-годиишната Винфри, чие претходно ток-шоу го отвори патот на исповед на телевизија и ја направи милијардерка, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело.
Винфри го поздрави движењето #MeToo кое доби на интензитет по откритието за однесувањето на филмскиот магнат Харви Вајнштајн. Опра Винфри оддаде почит и на Риси Тејлор – афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“.
„Премногу долго жените не беа слушани или не им веруваа, ако се осмелуваат да ја кажат вистината за овие мажи. Но нивното време дојде! Времето им дојде!“, рече Винфри, откако доби аплауз од присутните, а кај некои можеше да се забележат и насолзени очи.
„Затоа сакам сите девојки кои не гледаат сега, да знаат дека на хоризонтот се појавува нов ден“, посочи Винфри.
„И кога овој нов ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде благодарение на многу прекрасни жени, од кои многу се во салата вечерва, и некои премногу ексклузивни мажи кои се борат напорно за да станат лидери кои ќе не одведат во време кога никој нема да мора да каже „и јас исто“ (MeToo), рече Винфри.
https://www.youtube.com/watch?v=fN5HV79_8B8