Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Моден викенд Скопје од 30 март до 1 април и на нова локација

Настани

Моден викенд Скопје од 30 март до 1 април и на нова локација

Моден викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „What feeds your imagination?“.

Во нов и необичен амбиент – Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изминатиот викенд пред фото објективите застана новата FWSK девојка од модната агенција „Подиум“ Мануела Гочевска.

Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје.

Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите. Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и визуелната култура кај сите модни вљубеници.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.