Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Модерна технологија и интернационално познати артисти на првиот холограмски музички фестивал во Скопје

МК Сцена

Модерна технологија и интернационално познати артисти на првиот холограмски музички фестивал во Скопје

Изминатиот период кампањата #АјдеПогласноСкопје која го исполни главниот град со шарени балони го привлече вниманието на скопјани, но и на медиумите. 

Тоа беше всушност најава за ексклузивниот, уникатен и прв од ваков тип во регионот, холограмски музички фестивал кој од 15-ти до 17-ти септември ќе се одржи во Скопје.

„Хало фестивалс“ е првата интернационална тура на холограмски музички фестивали, која младите организатори ја започнуваат токму во нивниот роден град, Скопје. Иако е македонски проект, концептот го привлече вниманието на европската музичка индустрија, па дури и пред првото случувањето на фестивалот во Скопје, закажан е и вториот „Хало фестивал“ во Шведска, 2018 година.

Како спој од напредна технологија (холограми) и музичката индустрија, фестивалот обединува и групи на креативни граѓани, здруженија, локални фестивали, како и најдобрите ИТ компании од Македонија.

Холограмскиот фестивал кој ќе се одржи од 15-ти до 17-ти септември оваа година, освен што ветува уникатно искуство со досега најмодерната холограмска технологија, ќе понуди и богата музичка програма со локални, но и интернационални артисти чии настапи ќе бидат во живо и во форма на холограми.

Организаторите засега не ја откриваат музичката програма, но ветуваат одлична забава.

Фестивалот можете да го следите на социјалните медиуми и официјалната веб страна каде што во наредниот период ќе бидат објавени ексклузивните изведувачи и активностите поврзани со фестивалот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.