Сцена
„МОЕТО СОНЦЕ“: Енрике Инглесијас и Ана Курникова објавија прва фотографија од бебето
Дали се близнаци или не?
На почетокот на декември низ светските медиуми се појави веста дека Енрике Инглесијас и Ана Курникова за првпат станаа родители на две моме и девојче, близнаци.
Изворите тврдеа дека имињата на близначињата наводно се Николас и Луси.
Оваа вест изненади многу фанови, со оглед на тоа што никогаш не дознавме дека Ана е воопшто бремена.
Но, Енрике на својот профил објави фотографија од едно од нив, со објава „Моето сонце“. За само неколку часа фотографијата доби преку 500.000 лајкови.
Дали ова е само едно од близначињата или пак Ана и Енрике добиле едно детенце останува да видиме.