Сцена
МТВ ЕВРОПСКИ МУЗИЧКИ НАГРАДИ: Џастин Бибер со три статуетки – Уан Репаблик и Грин Деј со настапи на вечерта (ВИДЕО)
Спектакл во Ротердам! Канадскиот пејач Џастин Бибер освои најмногу признанија на синоќешното доделување на музичките награди „Ем-ти-ви“ во Ротердам, додека фаворитот Бијонсе остана без ниедна награда.
Бибер доби три награди, од кои една за најдобра песна „Sorry“ и уметник со најголем број фанови. Ексцентричната пејачка Леди Гага освои награда за најдобра уметница и за најдобар сценски изглед. Но, за големо чудо награда пејач на годината оваа година отиде во рацете на Шон Мендез.
Групата „Coldplay“ победи во категоријата за најдобри рок изведувачи, а „Twenty one pilots“ ги понесоа наградите за најдобри изведувачи во живо и најдобра алтернативна група.
Бијонсе, која беше номинирана за најдобро видео за песната „Formation“, најдобра пејачка, изведувач со најмногу фанови и најдобар локален изведувач (САД), не доби нути една награда.
Британката Адел исто така си замина со празни раце, иако имаше четири номинации, вклучително и за најдобра песна, за која беше номинирана „Hello“.
Калифорниската група „Грин деј“ ја освои наградата „меѓународна икона“, додека наградата „откритие на годината“ е доделена на младата шведска пејачка Зара Ларсон.
https://www.youtube.com/watch?v=RKU3qbENGnc
Домаќинка на церемонијата беше пејачката Биби Рекса.
На церемонијата настапуваа, помеѓу останатите, „Викенд“ и Бруно Марс, и бендот „Уан рипаблик“.
Европските награди „Ем-ти-ви“ се предвидени да бидат алтернатива за традиционалните музички награди „Ем-ти-ви“ наменети за широката публика, но и на овогодинашното доделување доминираа музичари од северниот дел на Америка.
Бендот С.А.Р.С. е овогодинашниот добитник на наградата „Ем-ти-ви Бест адриа акт“. Во конкуренцијата за ова престижно „Ем-ти-ви“ признание беа уште „Елементал“, Луце, „Сидарта“ и Тони Зен, а благодарение на најголемиот број гласови од публиката од целиот регион, бендот С.А.Р.С. ја однесе победата.