МК Сцена
МУЗИЧАР ЗАД МАСКА: Дофеин ја промовира новата песна „Мир“
Дофеин е ново име на македонска музичка сцена. Тој деновиве ја промовира својата прва песна, „Мир“. Зад маската, која е заштитен знак на овој изведувач, вели, не стои човек, туку идеја.
– „Дофеин не мора да е маж. Дофеин може да е жена која има што да порача преку својата музика. Не сакав песната да ја врзе за едно лице, напротив, идејата е мојата музика, песната што ја промовирам сега и сите песни што ќе ги промовирам во иднина, да зборуваат сами за себе, да пренесат порака, да креираат енергија и емоции. Дофеин може да е секој од нас,“ вели тој.
Момчето со македонско потекло, кое долги години живее и работи во странство, деновиве ја сними македонско-англиската песна „Мир“. Песната ја продуцијата Дулелуд, а зад синглот се потпишува Paragon Record Label. Песната од вчера е достапна на сите светски музички платформи, Spotify, iTunes и други.