Ај Кју со преобразба на „Јано Мори“ (ВИДЕО)
По неколкуте синглови со кои Ај Кју смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.
Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.
Тоа што е интересно е нивниот пристап кон трансформирање на еден ваков мелос во модерен и современ звук на кој тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.
Се разбира, приказната за оваа песна на Ај Кју не застанува тука, подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.