Музика
ABBA заедно по 40 години – се обединија за виртуелен концерт во Лондон
Сите четири членови на култниот шведски бенд „ABBA“ се собраа во четвртокот во Лондон за првпат од 1982 година на премиерната вечера на нивниот виртуелен спектакл „Voyage“.
Шведските поп суперѕвезди – Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалцки и Ани-Фрид Лингстад - последен пат во престолнината на Велика Британија се појавија заедно во 1982 година во забавното шоу „The Late Late Breakfast“ чиј водител беше Ноел Едмондс.
Спектаклот, почнувајќи од денес, петок (27 мај), треба да се одржува седум пати неделно до почетокот на октомври, со виртуелен концерт по повод изведбата на „Abbatar“, односно холограм од членовите на бендот кои изведуваат песни во живо со десетчлениот бенд.
Во изјавите на црвениот тепих пред наменски изградената АBBА Арена во „Queen Elizabeth Olympic Park” во источен Лондон, Фалцки рече дека е прекрасно да се видат сите овие англиски фанови, а Лингстад рече дека најмногу се радува на изведбата на нејзиниот хит. “Mamma Mia”.
Зборувајќи за тоа зошто толку многу уживала во овој проект, Лингстад како највозбудливо го издвоила тоа што групата се собрала после толку време во кое не работеле заедно како бенд.
Освен што Велика Британија им е блиска и во неа имаат многу фанови, Улвеус рече дека таа земја ја избрале за проектот затоа што има инфраструктура за вакви големи проекти.
Меѓу гостите на црвениот килим и во публиката беше и шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија, но и голем број ѕвезди како Кајли Миног и Кејт Мос.
ABBA беше лансиран во светски успех и голема популарност со победата на Евровизија во 1974 година во Брајтон со песната „Waterloo“, и оттогаш продаде повеќе од 400 милиони албуми и синглови.
Популарниот квартет се распадна по нивниот последен заеднички настап во 1982 година, на кој му претходеа десет успешни години работа.
Бендот го објави својот албум Voyage во ноември минатата година.