Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Америка започнува своја верзија на „Евровизија“: Снуп Дог и Кели Кларксон водители на шоуто

Музика

Америка започнува своја верзија на „Евровизија“: Снуп Дог и Кели Кларксон водители на шоуто

Америка започнува своја верзија на „Евровизија“: Снуп Дог и Кели Кларксон водители на шоуто

Раперот Снуп Дог (50) и пејачката Кели Кларксон (39) ќе бидат домаќини на „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest) по моделот на Евровизија.

Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа NBC. Шоуто започнува во март, а големото финале треба да се одржи на 9-ти мај. Ќе учествуваат изведувачи, солисти, дуети или групи од сите педесет американски држави, областа на главниот град Вашингтон и петте поврзани територии на САД.

https://www.youtube.com/watch?v=bvte_4_-XJ0

– Чест ми е да го водам „Натпреварот за песна на Америка“ со мојата „сестра“ Кели Кларксон – изјави раперот во писмената изјава за медиумите.

Кларксон, која беше и победничка на првото издание на Американскиот идол во 2002 година, не го криеше својот ентузијазам.

– Јас сум голем љубител на евровизискиот концепт и воодушевена сум што овој музички феномен доаѓа во Америка – рече таа и додаде дека со нетрпение чека да работи со Снуп.

Евровизија е еден од најголемите телевизиски настани во светот, што го потврди и продуцентот на „Амеровизија“.

– „Натпреварот за песна на Америка“ е натпревар што ќе се прикажува на телевизија, а не натпревар создаден само за да стане телевизиско шоу. Ќе биде отворена за сите музичари, без разлика дали се аматери или веќе имаат договор со издавачка куќа. Никој не е исклучен – изјави продуцентот на „Амеровизија“ Андерс Ленхоф.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.