Музика
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (ВИДЕО)
Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска на овогодинешното 39. издание на фестивалот „Макфест”, кој се одржа изминатиот викенд во Штип.
Антониа се претстави со песна на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, кои уште еднаш направија совршено музичко ремек-дело.
Песната носи моќен и едноставен наслов – „Жена”, а Антониа блесна со нејзината интерпретација и ја воодушеви публиката во културниот дом „Ацо Шопов”, како и тие пред малите екрани.
– Многу сум среќна што „ЖЕНА” успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја ЖЕНА треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции. Жена што е само присутна. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени што во изминативе неколку месеци успеав да ги слушнам и да бидам сведок на истите, со што некои мои пријателки се соочувале. Не ја сакаш само ако и кажеш “Те сакам”, ја сакаш ако ја почитуваш, заштитиш. Жената не мора да биде јака иако секогаш сме многу појаки од мажите, но онаа силна страна, силна половина треба да биде мажот, да ја прегрне и да и каже “Се ќе биде добро” – вели Антониа.
Инаку за „Жена”, Антониа со својот тим од соработници сними и одличен видеоспот под режисерската палка на Даниел Јовески.
Погледнете и уживајте: