Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Barcelona Gipsy balKan Orchestra со поздрав на македонски: Едвај чекаме да дојдеме во Скопје!

Музика

Barcelona Gipsy balKan Orchestra со поздрав на македонски: Едвај чекаме да дојдеме во Скопје!

„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие“. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија“, ова е пораката што на чист македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO).

Премиерната дружба со македонската публика е во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

 

Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува.

„Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!“, велат членовите на БГКО.

Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс, и тоа во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.

Вака звучи нивната изведба на безвременската „Море сокол пие“:

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.