Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Биба Додева го освои првото место на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Музика

Биба Додева го освои првото место на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Биба Додева го освои првото место на „Охрид фест – Охридски трубадури“

Годинешното, 26. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ заврши вчеравечер, со секогаш атрактивната интернационална вечер.

Интересно е тоа што фестивалот можеа да го следат и гледачите од Америка, Австралија и Канада. Во официјалната програма се натпреваруваа 22 песни кои беа интерпретирани од познати пејачи од регионот и од Европа, како и македонските интерпретатори кои освоија награди на претходната поп вечер на фестивалот.

Со автобиографската балада „Како некогаш“, Биба Додева победи и на финалната интернационална вечер на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“.

Наградени на годинешното издание на  Охрид Фест – Охридски трубадури меѓу останатите беа:
1. Денис Димоски: Јас без тебе се будам (Втора награда од стручното жири) 3. Рени – (награда за сценски настап)  5. Група Уникат: Живеам без тебе (Награда за најдобар дебитант) 6. Симеон Коруноски: Дел од мене (Награда за најдобар аранжман – Иле Спасев) 8. Дамјан Димевски : Нема никоја да те замени (Трета награда од стручното жири) 10. Филип Јордноски: (Специјална награда Аце Ангелески) 12. Пепа Димовска (Специјална награда Долни Сарај) 14. Јасмин Лопез: Некој рече збогум (Награда од Балканика 60 вртења)  16. Александар Митевски и Драган Спасов Дац:Цреши Охридски (Прва награда од стручното жири ) 18. Огнен Здравковски: Разбуди ме (Награда за најслушана песна помеѓу двата фестивали) 20. Биба Додева: Како Некогаш (Прва награда од публика).

Фестивалот традиционално заврши со забава на која беа доделени наградите од стручното жири, по што следуваше музички настап на дел од наградените.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.