Музика
Бијонсе го објави својот нов албум „Cowboy Carter“
Бијонсе го објави новиот албум „act ii COWBOY CARTER“, втор во серијата трилогии што започна со албумот „RENAISSANCE“.
Осмиот студиски албум на Бијонсе, „Cowboy Carter“ се појави денеска на сите дигитални музички сервиси, а му претходеа два сингла „TEXAS HOLD’EM“ и „16 CARRIAGES“, кои исто така го означија кантри како избран жанр во што оваа американска дива реши самата да се обиде.
Во тоа, се чини, и повеќе од успеа, бидејќи „TEXAS HOLD’EM“, веднаш по објавувањето, се најде на дури девет жанрови музички топ листи во Америка, меѓу кои Pop, Hot AC, Country, Rhythmic, Urban, и R&B и Бијонсе влезе во историјата како прва пејачка со темна боја на кожа која истовремено го освои #1 на топ-листата Hot Country Songs и #1 на Hot 100! Оваа песна се задржа на врвот на топ-листата во Обединетото Кралство четири недели!
Извршен продуцент на албумот „Cowboy Carter“ е токму Бијонсе, бидејќи како уметник сакала да си даде слобода да се развива, проширувајќи ја својата креативност без ограничувања. Со овој албум таа им оддава почит на музичките пионери на кантри, рок, класична музика и опера. За првпат во нејзините песни може да се слушне оригинален rhythm&blues, blues, zydeco и фолк музика на обоените луѓе, односно инструменти како хармоника, акустична гитара, бас укулеле, мандолина, бенџо и многу други инструменти.
„Радоста во правењето музика е што нема правила, колку повеќе гледам во современиот свет, толку подлабоко чувствувам поврзаност со едноставноста. Со сета вештачка интелигенција, дигитални полнила и програмирање, сакав да се вратам на вистинските инструменти, посебно оние веќе старомодни. Не ми беше важно песните да звучат перфектно, се трудев да ги оставам максимално сурови и во фолк облик. Сите звуци во песните се органски и човечки, ветер, песна на птици, звуци на природата“, изјавила Бијонсе.
Како продуцент на албумот, Бијонсе сакала да истражува и експериментира, менувајќи ги акордите, копчињата, жанровите за да ја сруши секоја бариера за креативноста. Само така успеа навидум незабележливо да го спои некомпатибилното на новиот албум, омотот на Битлси, „Blackbird“, „Jolene“ од Доли Партон, но и „SWEET HONEY BUCKIN“, „RIIVER DANCE” и „II MOST WANTED”.
„За потребите на овој албум снимив веројатно 100 песни, а потоа ги составив како сложувалка и барав заедничка нишка, врз основа на која ги избрав оние што на крајот ќе влезат на албумот и мислам дека направив солиден избор“, вели Бијонсе.
Инспирацијата за новиот албум ја нашла и во филмовите: „Five Fingers For Marseilles“, „Urban Cowboy“, „The Hateful Eight“, „Space Cowboys“, „The Harder They Fall“ и „Killers of the Flower Moon“.
Бијонсе имала и одлична група соработници: The-Dream, Pharrell, NO I.D., Raphael Saadiq, Ryan Tedder, Ryan Beatty, Swizz Beatz, Khirye Tyler, Derek Dixie, Ink, Nova Wav, Mamii, Cam, Tyler Johnson, Dave Hamelin , како и Шон „ЏЕЈ-Зи“ Картер. Покрај овие соработници, албумот вклучува и придонеси од познати музички легенди и млади суперѕвезди како што се: Dolly Parton, Willie Nelson, Linda Martell, Stevie Wonder, Chuck Berry, Mylie Cyrus, Post Malone, Jon Batiste, Rhiannon Giddens, Nile Rodgers, Robert Randolph, Gary Clark, Jr., Willie Jones, Brittney Spencer, Shaboozey, Reyna Roberts, Tanner Adell i Tiera Kennedy.
Биле потребни околу пет години за да се сними албумот „Cowboy Carter“:
„Одлично беше што имав доволно време да го снимам овој албум како што сакав. Требаше да излезе пред албумот RENAISSANCE, но по пандемијата, се чувствуваше одредена тежина во светот, а ние сакавме да танцуваме, па го оставив Бог да го одреди вистинското време за извдавање на Cowboy Carter“, објасни Бијонсе.
Конечно, овој сестран уметник заклучува:
„Мислам дека луѓето ќе бидат изненадени затоа што мислам дека овој албум не е она што сите го очекуваат, но тоа е најдобрата музика што некогаш сум ја направила!“.
Редоследот на песните на албумот:
1. AMERIICAN REQUIEM
2. BLACKBIIRD
3. 16 CARRIAGES
4. PROTECTOR
5. MY ROSE
6. SMOKE HOUR ★ WILLIE NELSON
7. TEXAS HOLD ‘EM
8. BODYGUARD
9. DOLLY P
10. JOLENE
11. DAUGHTER
12. SPAGHETTII
13. ALLIIGATOR TEARS
14. SMOKE HOUR II
15. JUST FOR FUN
16. II MOST WANTED
17. LEVII’S JEANS
18. FLAMENCO
19. THE LINDA MARTELL SHOW
20. YA YA
21. OH LOUISIANA
22. DESERT EAGLE
23. RIIVERDANCE
24. II HANDS II HEAVEN
25. TYRANT
26. SWEET ★ HONEY ★ BUCKIIN’
27. AMEN