Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бијонсе ја најави турнејата „Cowboy Carter“

Музика

Бијонсе ја најави турнејата „Cowboy Carter“

Бијонсе официјално го потврди почетокот на нејзината турнеја насловена „Cowboy Carter“, која вклучува и неколку датуми во Европа.

Турнејата ќе опфати 22 концерти, претежно во САД, а ќе започне на 28 април на стадионот СоФи во Лос Анџелес. После тоа, Бијонсе ќе настапи во Чикаго, Ист Радерфорд, Хјустон (нејзиниот роден град), Вашингтон и Атланта.

Маркетинг

Пејачката ќе пристигне во Европа на 5-ти јуни во Лондон каде има закажано четири концерти, по што ќе одржи уште два концерта во Париз.

05.06- Лондон, ОК  на стадионот Тотенхем Хотспур
07.06 – Лондон, ОК на стадионот Тотенхем Хотспур
10.06 – Лондон, ОК на стадионот Тотенхем Хотспур
12.06 – Лондон, ОК на стадионот Тотенхем Хотспур
19.06. – Париз, Франција на Stade de France
21.06 – Париз, Франција на Stade de France

Оваа најава доаѓа само еден ден по доделувањето на наградите Греми, каде што „Cowboy Carter“ беше прогласен за најдобар албум на годината, а истоимениот албум ја освои и титулата за најдобар кантри албум. Песната „II Most Wanted“, дует со Мајли Сајрус, победи во категоријата за најдобро кантри дуо или група. Со овој успех, Бијонсе дополнително го зголеми својот рекорд како најнаградуван уметник во историјата на Греми со вкупно 35 освоени награди и 99 номинации.

Најавата за турнеја беше долго очекувана, но беше одложена поради пожарите во Лос Анџелес. Бијонсе веќе ѝ покажа на публиката како „Cowboy Carter“ звучи во живо за време на полувремето на Божиќниот НФЛ натпревар во Хјустон, со гости како Пост Мелоун, Шабузи и нејзината ќерка Блу Ајви. По тој повод, таа изведе сплет на песни од нејзиниот нов албум.

„Cowboy Carter“ е вториот дел од планираната трилогија што Бијонсе ја започна во 2022 година со албумот „Renaissance“. Бијонсе му посвети турнеја и документарен филм со истото име на албумот, кој со 56 настапи низ Европа и Северна Америка стана нејзината најпрофитабилна турнеја со заработка од 579 милиони долари.

Информациите за билетите за претстојната турнеја може да се најдат на официјалната веб-страница на пејачката.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.