Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Били Ајлиш повторно на мета на фановите поради новиот спот

Музика

Били Ајлиш повторно на мета на фановите поради новиот спот

Били Ајлиш повторно на мета на фановите поради новиот спот

Били Ајлиш (19) по објавувањето на спотот за песната „Lost Cause“, беше нападната од фановите најпрво поради откривање на деколтето и нозете кои инаку ги прикрива, а сега фановите се лути бидејќи мислат дека ова е само маркетиншки трик и дека ја злоупотребува ЛГБТ заедницата за да го промовира спотот.

Во спотот таа е блиска со девојки, а објави и фотографии од снимањето и во описот напиша:

-Сакам девојки.

Нејзините следбеници во коментарите ја нападнале Били да каже дали е дел од ЛГБТ заедницата, со оглед на тоа што видеото e објавено во текот на „месецот на гордоста“.

Во спотот Били и група девојки се прикажани како се собрани да преспијат заедно, играат игри и танцуваат низ куќата. Исто така прикажано е и како се валкаат една врз друга на кревет.

По бројните негативни коментари, Били наводно лајкнала објава на еден обожавател кој напишал дека е срамотно како всушност целата приказна ја измислиле фановите.

Потоа Ајлиш објавила на својот Инстаграм селфи со опис „Уморна сум“, а објавата била преполна со коментари кога планира да проговори за сето ова.

Нејзините обожаватели коментираат дека ќе ги вратат или запалат предметите и облеките со нејзиниот лик, додека пак Били сеуште се нема огласено да ја коментира целата ситуација.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.