Брус Спринстин е најплатениот музичар во 2021 година
Со заработка од неверојатни 590 милиони долари, музичарот Брус Спрингстин е прогласен за најплатен музичар во 2021 година.
Оваа информација ја објави магазинот „Rolling Stone, нагласувајќи дека текстописецот, гитаристот и пејачот најголем дел заработил со продажбата на издавачките права на крајот на годината, додека дел заработил со настапите на Бродвеј.
Договорот за рекорд на Спрингстин со Sony Music, проценет на 550 милиони долари, ја означи најголемата продажба што музичарот некогаш ја остварил. Компанијата ја има стекнато сопственоста на целиот каталог на музичариот, кој вклучува 20 студиски албуми, 300 песни, седум „EP“, 23 записи во живо и повеќе.
Зад Брус Спрингстин е раперот Џеј Зи, кој заработил цифра од 470 милиони долари. Најголем дел од неговата заработка дојде од продажбата на музичкиот сервис TIDAL од 302 милиони долари (220,8 милиони долари) на поранешниот сопственик на Твитер Џек Дорси.