Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Четири милиони луѓе од целиот свет го започнаа одбележувањето на 20 роденден на ЕГЗИТ фестивал!

Музика

Четири милиони луѓе од целиот свет го започнаа одбележувањето на 20 роденден на ЕГЗИТ фестивал!

Четири милиони луѓе од целиот свет го започнаа одбележувањето на 20 роденден на ЕГЗИТ фестивал!

Во годината во која светската музичка индустрија е фрлена на колена, кога повеќето фестивали во светот или се одложени или се одржаа само онлајн, ЕГЗИТ Фестивалот успеа да го реализира „Лајф Стрим“ (Life Stream), глобалниот проект кој по многу нешта ќе ја означи фестивалската 2020.

Наместо виртуелниот свет, на фановите им беше понудено чистокрвно искуство во живо, додека снимките од настапите потоа беа претставени во осумдневниот стриминг-фестивал, пред публиката ширум светот. „Лајф Стрим“ на овој начин на Петроварадинската тврдина „доведе“ дури четири милиони фанови од сите краишта на планетата, додека до крајот на годинава се очекува оваа бројка да надмине и цели 10 милиони!

Со ова започна одбележувањето на 20-тиот роденден на ЕГЗИТ (EXIT), кое својот зенит ќе го доживее од 8 до 11 јули 2021 година кога нѐ очекува Фестивалот во познатиот полн формат на кој ќе настапат некои од водечките светски ѕвезди, како што се Тајга, Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Ерик Приц, Борис Брејча и многу други.

Во партнерство со Светската програма за храна на Обединетите нации, најголемата хуманитарна организација на светот, ЕГЗИТ го покрена проектот „Лајф Стрим“ со цел со заеднички сили да се укаже на проблемот со забрзаното уништување на животната средина, како и да се помогне на милионите луѓе ширум планетата, кои и поради пандемијата се најдоа на раб на екстремен глад. Реализацијата на проектот во целост го исполни изминатиов месец, прво со фестивалот во живо од 3 до 6 септември, а потоа и со емитувањето на снимените настапи од 17 до 27 септември кои пак до овој момент собраа 4.053.765 прегледи на „Фејсбук“ и „ЈуТјуб“ видео-платформите. Фановите оставија и повеќе од 40.000 коментари во кои многумина изразија пофалби во врска со целта и мисијата на проектот, а меѓу нив се издвојува оној кој говори дека тоа што токму електронската музика е посветена на Обединетите нации и борбата за заштита на животната средина и решавањето на проблемот со екстремен глад, е знак дека сме влегле во нова ера.

Шарлот де Вит со дури два настапа, Карл Кокс, Нина Кравиц, „Хот Синс 82“, Адам Бејер, „Блек Кофи“, Пол ван Дајк, Махмут Орхан, Марсел Детман и многу други, интернационални и регионални изведувачи, ќе останат запишани како музичарите кои и покрај многуте пандемиски препреки го пронајдоа патот, како до фантастичната бина во ровот на Денс Арената на Петроварадинската тврдина, така и преку стримот, до милиони фанови ширум светот. Брзината и подготвеноста да се вклучат во проектот, како онаа на некрунисаниот крал на Егзит, Карл Кокс кој беше воодушевен со мисијата на „Лајф Стрим“, ќе бидат запаметени како еден од највпечатливите моменти на сезоната. Посебен предизвик претставуваше организацијата на самиот настан, меѓутоа и на оваа сложена задача, неспоредлива со било што до сега, ЕГЗИТ покажа како може и во време на пандемијата да се организира целосно безбеден настан, со мерки дури и построги од пропишаните во Србија. „Лајф Стрим“ го лансираше и „ИнфинитИкс“ (InfinitX), новиот проект на Егзит, кој во духот на модерните глобални трендови во промоцијата на дестинации ги спојува најголемите музички имиња со најубавите локации ширум светот.

Овогодишната акција беше и вовед за многу пошироката соработка на Егзит и Светската програма за храна во 2021 година, во која ќе се обележат два исклучителни јубилеја, 60 години од Светската програма за храна и главната прослава на 20-годишнината на ЕГЗИТ фестивал!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.