Музика
Диди и Стинг – пријатели, но Диди мора да му плаќа 5000 долари на ден за употреба на песната
Хип-хоп иконата Шон Комбс, попознат како Диди, го зел битот и семплот на синглот на The Police од 1983 година, “Every Breath You Take” во својата хит песна “I’ll Be Missing You”. Но тоа не е крајот на приказната – неодамна во твит, Диди откри дека на Стинг секој ден треба да му плаќа огромни хонорари.
Интервјуто со Стинг за The Breakfast Club започна да се врти на интернет, каде Карла, радио водител, го праша Стинг дали е вистина дека Диди мора да плаќа $2,000 за “Every Breath You Take” затоа што не побарал дозвола. Стинг потврди дека ова е вистина и додаде дека Диди треба да ја плаќа оваа сума до крајот на неговиот живот.
Диди одговори на објавата на Твитер и го корегираше износот што треба да плаќа, велејќи дека треба да му плаќа $5,000 на ден. Навистина висок хонорар, но со “I’ll Be Missing You” како една од најголемите хитови во кариерата на Диди, тој веројатно ќе има доволно пари да го плати.
“I’ll Be Missing You” беше објавена во 1997 година како почит на починатиот пријател на Диди, БИГ.