Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделени Американските музички награди во Лос Анџелес

Музика

Доделени Американските музички награди во Лос Анџелес

Доделени Американските музички награди во Лос Анџелес

49. издание на наградите AMA ги прослави извонредните достигнувања во музиката во сите жанрови, а се одржаа во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес.

Како и секоја година, на церемонијата се собраа многу познати личности и ги подготвија најдобрите комбинации на облека за позирање на црвениот тепих.

Раперката Карди Би (29), која беше и водителка на програмата, на доделувањето промени три стајлинзи.  Таа облече фустан во црна боја од дизајнерката Елсе Скиапарели и го збогати изгледот со црн вел и златна маска со огромни златни обетки. На рацете имаше долги ракавици со златни прсти.

Најмногу награди на овогодинешното доделување освои јужнокорејскиот бенд БТС. Тие однесоа дома статуетки за изведувач на годината, најдобро поп дуо или група и за најдобра поп песна.

Тејлор Свифт го собори сопствениот рекорд освојувајќи ја наградата за омилен женски поп изведувач по седми пат и го надмина својот претходен рекорд за најмногу победи на АМА на сите времиња. Свифт, исто така, ја освои наградата за најдобар поп албум „Evermore“ и сега има 34 трофеи АМА.

Џенифер Лопез го украде шоуто на сцената изведувајќи ја својата нова песна „On My Way“ во креација на  Долче и Габана.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.