Дрејк „растури“ на наградите „Билборд“
Американскиот рапер и продуцент Дрејк го собори рекордот на освоени музички награди „Билборд“, со 12 признанија добиени на годинашното издание на манифестацијата што се одржа ноќеска во Лас Вегас, САД.
Дрејк исто така освои награди за најдобар машки изведувач, најдобар рап изведувач, најдобар „Билборд“ албум и уште неколку други.
Други добитници на награди беа и Аријана Гранде која ја прими наградата за најдобар женски изведувач, BTS кој ја освои наградата за најдобро дуо/група и Лук Комбс кој освои награда за најдобар кантри изведувач.
Карди Би освои 12 награди, Ед Ширан и Ела Меи беа меѓу британските победници. Ширан освои награда за најдобра турнеја на изведувач, додека пак Ела Меи се здоби со признание за најдобар аренби изведувач.
На настанот настапија и ѕвездите Тејлор Свифт, Jonas Brothers, Мадона и Мараја Кери.