Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Два концерти со по две дела од македонската композиторка Дарија Андовска во Германија

Музика

Два концерти со по две дела од македонската композиторка Дарија Андовска во Германија

На 19 и 21 мај 2023 година, две композиции од македонската композиторка Дарија Андовска се изведоа на два концерти во Дрезден (Hochschule für Musik Dresden) и Герлиц (Goerlitz Synagogue – Kulturforum Görlitzer Synagoge) во Германија.

Sinfonietta Dresden, оркестар со 30 години традиција, ги изведе “даМар” за соло виола и гудачки оркестар (Yulia Mütze – виола, Ekkehard Klemm – диригент) и “FairVent” за гудачки оркестар, удиралки и фиксен медиум (Anna Svoboda – диригент) двапати, на два концерти, во рамките на циклусот концерти Beethoven Schnittpunkte, на кои се во фокус композиции од Бетовен, неговите современици и композитори од збратимени градови со Дрезден. Овој циклус на концерти е во соработка со Hochschule für Musik Carl Maria von Weber Dresden.

Концертите имаа голем одзив, а публиката со одушевување ги поздрави делата на Андовска.

Дарија Андовска е една од најплодните и интернационално најизведуваните македонски композитори, автор на камерна, соло, оркестарска, симфониска и хорска музика, како и на музика за филм, театар, танц и мултимедијални проекти.

Нејзините дела се изведувани на реномирани фестивали и бројни концерти во Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Кина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Грција, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Украина, Азербејџан, Австрија, Јапонија, Албанија, Русија, Турција, Мексико, Малта, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, Сан Марино, САД, Чешка.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои “Истакнат уметник на град Цирих”, двоен лауреат на “Виртуози – најдобар композитор во Македонија”, “Панче Пешев” – за врвни уметнички достигнувања во областа на музичкото творештво, “Најдобар уметник на УКИМ за 2021”, во два мандати била уметнички раководител на фестивалот “Денови на македонска музика” раководител е на интернационалната резиденциска програма за филмска музика LivingMusicProject во рамките на Cinedays, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Моментално е на функцијата декан на ФМУ – Скопје.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.