Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џастин Бибер го продаде музичкиот каталог за 200 милиони долари

Музика

Џастин Бибер го продаде музичкиот каталог за 200 милиони долари

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ги продаде правата на своите песни на Hipgnosis Songs Capital за 200 милиони долари, пренесува Би-би-си.

Бибер, еден од најпопуларните поп-уметници на 21-от век, има продадено повеќе од 150 милиони плочи во текот на неговата кариера, а Hipgnosis Songs Capital сега го поседува неговиот удел во хитови како „Baby“ и „Sorry“.

Така, поп-ѕвездата се приклучи на групата изведувачи кои ги продадоа правата на нивниот музички каталог во последните години.

„Влијанието на Џастин Бибер врз глобалната култура е навистина извонредно во последно време. Ова е нашето најголемо стекнување на музички права, толкава е големината на овој каталог кој има речиси 82 милиони слушатели месечно и повеќе од 30 милијарди стримови само на Spotify“, изјави Мерк Меркјуријалис, основач на Hipgnosis Song Management во изјава за медиумите.

Вкупно има 290 песни, објавени пред 31 декември 2021 година, на кои компанијата сега ги бара правата, што значи дека ќе добива надомест секогаш кога една од нив ќе биде објавена во јавноста.

Hipgnosis Song Capital претходно ги откупи правата за песните на Џастин Тимберлејк и Шакира.

На овој потег се одлучија и други уметници. Музичките легенди како Боб Дилан и Брус Спрингстин ги продадоа правата за нивните музички каталози на „Sony“. Спрингстин од него заработи 500 милиони долари.

Бибер (28) е еден од најмладите уметници кои ги продале своите авторски права.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.