Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Греми 2025: Бијонсе ја освои наградата за албум на годината

Музика

Греми 2025: Бијонсе ја освои наградата за албум на годината

Суперѕвездата Бијонсе ја освои наградата „Албум на годината“ за нејзиниот албум „Cowboy Carter“ на овогодинешното 67. доделување на Греми награди, со што конечно стана добитничка на најважната награда на фестивалот.

Бијонсе, која е и најнаградуваниот и најноминиран уметник во историјата на Греми, претходно четири пати беше во трка за највисоката награда.

Маркетинг

Со освојувањето на оваа награда за албумот „Cowboy Carter“, Бијонсе стана првата Афроамериканка која ја добила оваа највисока награда од 1999 година, кога наградата и била доделена на Лорин Хил за „The Miseducation of Lauryn Hill“. Пред неа победници беа Натали Кол и Витни Хјустон.

Наградата на Бијонсе и ја врачија членови на противпожарната служба во Лос Анџелес, а главна тема на вечерта беа неодамнешните пожари во тој град, во кои беа уништени илјадници домови.

„Cowboy Carter“ исто така, претходно освои Греми за најдобар кантри албум – на очигледно изненадување на пејачката. Тејлор Свифт и ја врачи оваа награда на Бијонсе, која е првата црнка која некогаш освоила Греми во таа категорија.

Песна на годината е „Not Like Us“ во изведба на Кендрик Ламар. Раперот освои и Греми награди за: Запис на годината, најдобра рап песна и најдобро музичко видео со оваа песна.

Наградата за најдобар поп албум на англиски јазик ја освои Сабрина Карпентер за албумот „Short n’ Sweet“, додека Шакира ја доби престижната награда во категоријата за најдобар латино поп албум за „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Лејди Гага и Бруно Марс освоија Греми за најдобра изведба за песната „Die With A Smile“.

Пејачката Шапел Роан, позната по хитот „Pink Pony Club“, е прогласена за најдобар нов изведувач. На сцената, таа ја искористи можноста да апелира до издавачките куќи да обезбедат минимални плати и здравствени придобивки за уметниците. Роан се присети на времето кога се чувствувала „дехуманизирана“ затоа што немала здравствено осигурување.

Целосната листа на победници може да ја погледнете тука.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.