Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хитот на Мартин Гарикс и Бебе Рекса надмина една милијарда преслушувања на „Спотифај“

Музика

Хитот на Мартин Гарикс и Бебе Рекса надмина една милијарда преслушувања на „Спотифај“

Хитот на Мартин Гарикс и Бебе Рекса надмина една милијарда преслушувања на „Спотифај“

Од денес, и Мартин Гарикс и Бебе Рекса можат официјално да се прогласат како дел од клубот „Спотифај“ милијардери, бидејќи нивната песна „Во име на Љубовта“ ги надмина огромните милијарда емитувања на платформата. Гарикс е првиот холандски уметник што некогаш го постигнал овој успех со една песна. Ова воедно е првиот хит со милијарда преслушувања и на Бебе Рекса.

Списокот со песни со над милијарда слушања на „Спотифај“не е многу долг. Во моментов, тој вклучува нешто повеќе од 100 нумери каде што од денес ќе се додаде и „In The Name Of Love“. Артистите кои веќе беа дел од списокот се Ед Ширан, Дрејк, Били Ејлиш, Џастин Бибер и Аријана Гранде, меѓу другите.

– „Навистина е неверојатно што Мартин Гарикс надмина 1 милијарда слушања на Спотифај со една песна како прв холандски уметник досега. Неговиот „Во име на Љубовта“ (со Бебе Рекса) се покажа како класика на сите времиња!“ – изјави Вилберт Мутсаерс – раководител на музика, Спотифај Бенелукс.

„Во име на Љубовта“ беше официјално објавен на 29-ти јули 2016 година, откако Гарикс го заврши својот прв сет за затворање на Tomorrowland. Здружувајќи се со американската пејачка и текстописец Бебе Рекса, хитот веднаш се искачи на врвот на топ листите. Гарикс во тоа време штотуку наполни 20 години.

Во меѓувреме, Гарикс оттогаш не забавува, објавувајќи еден голем хитпо друг, меѓу кои и „Scared To Be Lonely“ со Дуа Липа.  Признанието од милијарда слушања е само почеток на 2021 година за Гарикс, кој има многу изненадувања за своите фанови во оваа година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.