Историскиот настап на David Guetta го означи почетокот на новата ера за Sea Dance фестивалот!
Спектакуларното финале на овогодишниот „СИ ДЕНС“ (Sea Dance) фестивал одржан од 30-ти август до 1-ви септември на плажата Буљарица кај Будва, беше воедно и најдоброто можно заокружување на целата летна фестивалска сезона!
Повеќе од 63.000 посетители од над 40 земји од светот продефилираа низ капиите на фестивалот за време на претходните три ноќи, а синоќешниот настап на Давид Гета (David Guetta) освен што ќе остане запишан во музичката историја на овие простори, воедно го означи и почетокот на новата ера за „Си Денс“! Францускиот продуцентски маг пред публиката од неколку генерации, во низа ги претстави своите најголеми хитови, од поновите како „Say My Name“, до апсолутните химни како што се „Titanium“, „When Love Takes Over“ и бројни други, хорски дочекани на преполната главна бина!
Сценските фекти какви што досега сме гледале само на фестивалите како што се „Тумороуленд“, „Ултра“ или „ЕГЗИТ“, ја оставија публиката без здив, а непосредноста на Гета и неговата отвореност кон публиката која по оваа карактеристика отсекогаш го издвојувала од останатите најголеми ѕвезди на нашето време, синоќа остави длабока трага кај публиката која долго време нема испратено никој друг изведувач со толку силни овации.
И британското хит-трио „Дисајплс“ (Disciples) пред настапот во Црна Гора призна дека едвај чекале да се запознаат со публиката на овој фестивал, а ветувањето дека ќе приредат забава за паметење го одржаа од првата до последната минута на својот настап кој во секој поглед е веќе созреан да го носи и централното место во програмата! Талентот во регионов во последниот ден го претставија домаќините на фестивалот „Ху Си“ (Who See), рап сензацијата Клинац, но и младата германска диџејска ѕвезда Ловра! И првите два фестивалски дена, главната бина одекна со добро познатите песни благодарение на глобалните ѕвезди како што се Свен Ват (Sven Väth), Ричи Хотин (Richie Hawtin), Робин Шулц (Robin Schulz) и „Офенбах“ (Ofenbach), како и регионалните имиња меѓу кои беа водечките магови на „Басивити“ колективот Сенида, Кукус, Фокс, Хејз, Суриал, но и Дарко Рундек и Екипа.
Финалето на „Ноу Слип“ бината синоќа го достигна врвот на трите бессони ноќи на плажата покрај синиот Јадран, а планетарно саканиот „Рикондајт“ (Recondite) донесе вистинска музичка магија. Германецот со раскошен опус ги изведуваше во живо своите бравурозни композиции поради кои плажата беше исполнета дури и за време на паралелниот настап на Гета на докрај исполнетата главна бина. Чест да го затвори овогодишното фестивалско издание имаше во моментов најбараната артистка од овие простори Тијана Т, која по настапите во повеќе од 50 земји низ светот, во оваа листа веднаш до речиси сите најголеми светски фестивали, утрово со голема радост го запиша и „Си Денс“.