Италија избра претставник за Евровизија: Махмуд повторно цели на високо место
Заврши 72-то издание на култниот италијански музички натпревар Festival di Sanremo. Во синоќешното финале беа избрани и победниците и тоа Махмуд (29) и Бланко (18) со песната „Brividi“.
По победата на фестивалот, Махмуд и Бланко за медиумите потврдија дека ќе ја претставуваат Италија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино.
https://www.youtube.com/watch?v=Te236EDr_-k
Имено, со победата на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија, групата Манескин и овозможи на Италија да биде домаќин на големото натпреварување во мај 2022 година. Песната на Махмуд и Бланко, „Brividi“, веднаш стана фаворит во обложувалниците за победа на Евровизија, иако досега се познати само девет песни кои ќе бидат изведени на големата сцена во Торино.
Италијанскиот пејач Махмуд на публиката и е познат уште од Изборот за песна на Евровизија во 2019 година, кога ја претставуваше Италија во соло изведба на песната „Soldi“ и го освои второто место.