Музика
„Колдплеј“ е најслушаната британска група на 21 век
Компанијата за лиценцирање музика, „ППЛ“ (PPL) ја прогласи поп-рок групата „Колдплеј“ (Coldplay) за најслушаната британска група на 21 век.
Лондонскиот бенд, кој заедно со фронтменот Крис Мартин го сочинуваат Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, се емитувал 40.000 пати повеќе на британските радио станици и ТВ од класичните рокери Queen, кои беа на второто место.
Најсвирената песна на Coldplay е број еден хитот од 2008 година „Viva La Vida“, а потоа следат нивните други хитови „Paradise“, „Clocks“, „Something Just Like This“ и „Adventure Of A Lifetime“.
Бендот, формиран во 1990-тите, ужива трајна популарност, а во текот на летото стана првиот што пет пати бил главен изведувач на фестивалот Гластонбери. Од објавувањето на нивниот дебитантски албум „Parachutes“ (2000), тие имаат вкупно девет албуми кои се најдоа на врвот на топ-листите.
„Вклучувајќи групи од последните 60 години, оваа земја (Велика Британија) ги создаде некои од најуспешните групи на сите времиња, така што составувањето на оваа листа беше совршен начин да се одбележи годинашниот Национален ден на албумот. Листата е потсетник на силата и длабочината на британската музика низ децениите и соодветен носител на првото место. Coldplay е соодветен носител на првото место – малку од изведувачите можат да се пофалат со толкава присутност на британското радио и телевизија од 2000 година досега“, изјави Питер Литем, главниот извршен директор на PPL.
На третото место е машкиот бенд Take That, додека женската група Little Mix од X Factor следи на четврто место, а Битлси се петти. Рокерите од Манчестер, Oasis се на шестото место, додека Bee Gees се на седмото место, велшката група Stereophonics е на осмото, поп-дуото Eurythmics се деветти, а Rolling Stones ја заокружуваат листата на десеттото место.
Листата е составена врз основа на податоци од лиценците на PPL, кои дозволуваат употреба на снимена музика на радио, телевизија и на јавни места, како што се продавници, барови, ресторани, спортски сали, канцеларии и сл. ширум Велика Британија.