Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија

Музика

Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија

Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија

Пејачката Ана Ѓуриќ или Констракта со песната „In corpore sano“ ќе ја претставува Србија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино. Така синоќа нешто по полноќ одлучија гласовите на жирито и публиката на Беовизија.

Констракта добила 12 поени од најмногу членови на жирито, а според гласовите на публиката била прва, а како што пренесуваат српските медиуми по прогласувањето таа била преплавена од емоции.

Стихот „Уметница мора бити здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи, а малкумина знаат дека пејачката која како аутсајдер стапна на сцената и направи успех, завршила архитектура и дека е горда мајка на две деца – девојка и момче, Лена и Никола.

На второ место се најде пејачката Сара Јо со песната „Мушкарчина“, која важеше за главен фаворит. Третото место и припадна на Зорја со песната „Зорја“, додека на четвртото заврши Анџелина со песната „Оригами“, а петтото место го освои фолкерот Аца Лукас со песната „Оскар“.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.