Музика
КРЕАТИВНОСТ ВО КАРАНТИН: Даниел Данн ја преработи „Не сум твој тип“
Во време кога настапите на музичарите се откажани Даниел Дан и неговиот бенд решија дека токму ова е вистинскиот начин да ја изразат нивната креативност.
– „Музицирајќи во домашен амбиент успеавме да направиме дело со кое се надеваме дека ќе придонесеме за доброто расположение на нашите фанови и дека сите вие ќе ја добиете потребната доза на мотивација која и нас нè активираше.“ – вели младиот пејач.
HIT THE HITS е насловот на шоуто, кое изминативе години активно Даниел го пласира пред македонската публика.
– „Овој пат под тематика Quarantine and Chill решивме да преработиме десетина македонски поп хитови.“ – додава Данн.
Во бендот членуваа: Даниел Данн (вокал), Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти).