Музика
Лејди Гага и Бруно Марс го претставија новиот хит сингл „Die With a Smile“
Две мегаѕвезди на поп сцената, Лејди Гага и Бруно Марс, ги здружија силите за новата песна наречена „Die With A Smile“, која беше објавена денеска. Оваа неочекувана соработка, се разбира, веќе предизвика голем интерес кај обожавателите и критичарите ширум светот.
„Die With A Smile“ е спој на уникатните стилови на двајцата изведувачи, што на слушателите им носи нешто сосема ново и свежо на музичката сцена. Дуетот е опишан како соул балада со елементи кои потсетуваат на проектот „Silk Sonic“ на Марс од 2021 година. Се одликува со моќен вокал, привлечен рефрен и нежно свирење гитара, кои заедно се градат до славна кулминација во последниот рефрен.
Според официјалното соопштение за медиумите, песната е идеја на Марс, а Лејди Гага откри повеќе детали за процесот на создавање: „Бруно и јас имаме огромна меѓусебна почит и разговаравме за можна соработка. Го завршував мојот албум во Малибу кога една вечер, после долг ден, ме покани да дојдам во неговото студио и да слушам нешто на што работи. Беше околу полноќ кога пристигнав и бев воодушевена од она што тој го започнал. Останавме цела ноќ и завршивме со пишување и снимање на песната. Талентот на Бруно не може да се опише. Неговата музичка моќ и визија се на сосема друго ниво. Нема никој како него“.
Бруно Марс изјави: „Ми беше чест да работам со Гага. Таа е икона и ја прави оваа песна магична. Едвај чекам сите да го слушнат тоа“.
Гага го најави дуетот на својот Инстаграм профил само неколку часа пред официјалното објавување и „полуде“ милиони фанови кои ја следат нивната работа.
-Додека го чекате „LG7“, дуетот „Die With A Smile“ со Бруно Марс – напишала кратко таа.
Оваа соработка доаѓа во време кога фановите долго време чекаат нови соло проекти од двајцата уметници. Последниот албум на Гага „Chromatica“ беше објавен во 2020 година, додека „24K Magic“ на Марс се приближува на осмата годишнина.
Покрај новата музика, Гага моментално го привлекува вниманието и со улогата во претстојниот филм „Joker: Folie À Deux“, во кој глуми покрај Хоакин Феникс. Иако овој филм вклучува музика, Гага јасно стави до знаење дека тоа е сосема ново искуство за неа, далеку од нејзината препознатлива сценска личност.