Мадона за настапот на Евровизија ќе земе милион долари
Мадона со своето пристигнување во Тел Авив и официјално го потврди својот настан во финалето на Евровизија.
Имено, во моментот кога биле познати сите 10 натпреварувачи кои од Втората полуфинална вечер одат во финале, откриено е и потврдено дека Мадона дефинитивно ќе има свои 5 минути на престижниот натпревар.
За ова долго се шпекулираше, а пејачката за еден милион долари ќе изведе две песни, еден постар хит и ќе промовира една од новиот албум.