„MAMMAMIA“: Måneskin го објави спотот за новиот сингл
По објавувањето на планетарно успешните синглови „Zitti e buoni“, „I Wanna Be Your Slave“, „Beggin’“, младиот италијански бенд, Måneskin, го претстави новиот сингл „MAMMAMIA“, дело на самиот бендот и продуцентот Фабрицио Ферагузо.
Дрските и иронични стихови во оваа рок песна, говорат за тоа како различни луѓе поинаку доживуваат исти ситуации, како некогаш перцепциите на луѓето се спротивни од нечии мислења и намери.
Спотот е дело на режисерот Реи Надал, во продукција на Prettybird. Приказната во овој помалку морбиден видео запис, се занимава со сите клишеа и предрасуди за рокенрол светот. Членовите на бендот Викториjа, Итан и Томас, сакааат да се ослободат од својот арогантен фронтмен Дамиано на директен и груб начин, не бирајќи средства. Победниците на Евровизија на овој начин се поигруваат со начинот на кој медиумите пишуваа за бендот по нивната победа.
Популарноста на бендот расте од ден на ден, па затоа воопшто не е зачудувачки податокот дека нивната неодамна најавена европска турнеја „LOUD KIDS“, е распродадена за само два часа.