Мањифико ја претставува новата химна на слободата
Роберт Пешут – Magnifico, автор на таканаречената “најскапа” песна во кафеаните – “Пукни зоро” и творец на музиката за филмовите “Монтевидео” и “Сенки над Балканот”, на планетарната публика и ја претставува својата нова песна. Синглот “Say No When You Gotta Say Yes” е музички коментар на уметникот за сегашноста и за моментот во кој секој од нас може да биде “чкрапалото на промените”.
“Нека на патот до слободниот дух, нѐ водат дрскоста, хуморот, разиграноста и сопственото размислување” – порачува Magnifico.
Видеото за новиот сингл е снимено во едноставна форма, со помош на iPad и со ефектите кои се достапни низ социјалните мрежи. За режијата е одговорен Марк Пирц (Studio 7), кој со Magnifico соработувал и на песната “Pegica”.
“Say No When You Gotta Say Yes” излегува на 16-ти ноември како ограничено издание на 7” сингл-винил. На омотот Magnifico во рацете држи игли за плетење и плетиво – на сликата е претставена една од можните техники кои покажуваат како да останеш со слободен дух во екстремни услови.
Шарлатанот, каубоецот и предводникот на жанрот “Балкан-диско-шлагер”, во својата триесетгодишна кариера успева неговите песни да бидат предмет на дискусија во Европскиот парламент, додека хитовите како што се “Hir Aj Kam Hir Aj Go” и “Give Mi Mani”, заедно со издавачката куќа Sony, го обиколуваат целиот свет. Песните на Magnifico се составен дел не само од сериите на Балканот, туку и пошироко – дел се од популарната американска серија CSI: Miami, како и минатогодишната HBO шпанска серија Foodie Love. Во октомври оваа година доделена му е 5-тата “Златна Антена” во кариерата, но овој пат за најдобра музика во ТВ серијата “Сенки над Балканот 2”.