Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Марко и Матија имаат летен хит во најава!

Музика

Марко и Матија имаат летен хит во најава!

Марко и Матија имаат летен хит во најава!

Марко Кутлиќ, момчето кое неодамна ја промовираше темата „Буди моја ноќ“ и кое откри дека заради предметот историја во училиште, но и омилениот пејач и свој музички идол Тоше Проески ја засакал Македонија, има нова песна. Овој пат станува збор за дуетот со наслов „Заплесала је с љетом“ и повторно истиот има огромна желба да го сподели со македонската публика. 

Марко Кутлиќ и Матија Цвек се познати лица на музичката сцена во Хрватска. Предводници се на младата генерација музичари, а заради летниот хит ги здружија силите. Се работи за два врвни вокали, фузија на фанк и рок, што овој пат делува како добитна комбинација – првиот такт, вториот и песната веќе не излегува од глава. Музиката е нивна, односно тие се автори, текстот е на Матија и Александар Чубрило, а продукцијата на Алан Довиќ и Антонио Перина

Пријателството и дружењето резултираа со одлична песна, а двоецот не го крие воодушевувањето. 

„Се радувам заради оваа соработка. Мислам дека имаме супер квалитетна летна „зафрканција“. Марко е еден од најдобрите вокали на генерацијата и со мерак ќе ја пееме оваа песна во сите прилики“, вели Матија. 

Најдобрите работи се случуваат од забава и случајно, пак, вели Марко: „Песната дојде сосема случајно и спонтано, како и сите најдобри работи во животот. Создадовме една сериозно-несериозна песна. Верувам дека ќе им се допадне на сите и дека луѓето брзо ќе ја засакаат и ќе уживаат во неа.“

За „Заплесала је с љетом“ е снимен и спот, под режисерската палка на Дарио Радусин, и во него освен Марко и Матија се појавуваат уште неколку познати лица кои одлично се вклопија ретро естетиката на приказната која го обележува целото видео. 

Марко инаку во моментов е во фаза на снимање на вториот студиски албум, додека првенецот на Матија „Избирљиво и случајно“ сè уште одлично се држи на првата позиција кога станува збор за продажбата и слушаноста, а летото е пред нас – затоа Заиграјте со летото! 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.