Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Младиот Нермин Ханџиќ од БиХ победи во „Ѕвездите на Гранд“, Алeксандар од Охрид заврши втор

Музика

Младиот Нермин Ханџиќ од БиХ победи во „Ѕвездите на Гранд“, Алeксандар од Охрид заврши втор

Деветнаесетгодишниот Нермин Ханџиќ од Тешањ годинава ја понесе титулата ѕвезда на „Гранд“, бранејќи ги боите на тимот Вики Миљковиќ во музичкото натпреварување.

Нермин на крајот се најде рамо до рамо со рокерот од Македонија, Александар Јосифовски, но според Саша Поповиќ, врз основа на добиените резултати извојува убедлива победа со 128.456 илјади гласови.

Кога го слушнал неговото име, Нермин за малку ќе се онесвестил, додека колегите од натпреварот го држеле и го гушкале, а лавина од емоции се случила кога на сцената му се придружила и неговата менторка Вики.

–  Ох, немам што да кажам, навистина, кој и да победеше го заслужуваше тоа. Ви благодарам на сите од срце – воодушевено изјави победникот, а потоа следеше победничка песна која сите ја пееја на глас со него.

Покрај ласкавата титула и златната статуетка, победникот Нермин ќе добие автомобил Опел Корса, песна и спот од „Гранд продукција“, како и комплетен маркетинг.

Инаку, Нермин првпат се појавил на телевизија на само 11 години, кога се натпреваруваше во „Некои нови деца“, каде што ги воодушеви сите со својот талент. Младото момче од Тешањ во БиХ е средношколец и за себе вели дека во слободно време сака да игра фудбал, дека пред се е хумана и позитивна личност. Неговиот музички идол е Шабан Шаулиќ.

Кандидатот од Босна и Херцеговина претпочита фолк музика, па за ментор ја избра Виолета Вики Миљковиќ која работи во тим со сопругот Ташке. По прогласувањето на победникот, Нермин проговори за односот со својата менторка и истакна дека таа му била најголемата поддршка за време на натпреварот, но и дека он ја бодрел неа кога било потребно.

Исто така, Нермин изјави дека планира да ја продолжи соработката со Вики и Ташке и дека тие ќе му ја направат првата песна.

Второто место го освои македонскиот претставник Александар Јосифовски. Тој освои 87.656 гласови. Јосифовски и лани беше меѓу финалистите на регионалното шоу. Откако влезе во финалето, неговиот ментор Ѓорѓе Давид се расплака и кажа дека Александар до лани бил зависен од алкохол.

Давид го убедил дека мора да зема блокатори, да престане да пие и да се врати на прав пат, а Александар прифатил и се придржувал до нивниот договор. Ова е голем успех за талентираниот Македонец.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.