Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

MTV VMA 2024: Тејлор Свифт освои најмногу награди, Сабрина Карпентер има песна на годината

Музика

MTV VMA 2024: Тејлор Свифт освои најмногу награди, Сабрина Карпентер има песна на годината

Во средата во USB арената на Лонг Ајленд се одржа доделувањето на престижните MTV VMA награди, каде што Тејлор Свифт беше апсолутен победник.

Триесет и четиригодишната поп ѕвезда освои вкупно седум награди, меѓу кои и најважната награда – „Видео на годината“. Со тоа таа стана најнаградуваната уметница во историјата на MTV VMA наградите со вкупно 30 награди, а рекордот пред неа го држеше Бијонсе, која освои 25 награди како соло артист и по две награди со Destiny’s Child и со Џеј Зи.

Шоуто беше отворено со Еминем кој излезе на сцената со армија од ликови на Слим Шејди, евоцирајќи го неговиот настап од 2000 година. Ја доби наградата за најдобра хип-хоп песна („Худини“), но вечерта сепак ја одбележаа женските артисти кои ги добија главните награди.

Седма година по ред една жена ја освои наградата за животно дело „Video Vanguard Award“, која овојпат и припадна на Кети Пери. На сцената ја најави нејзиниот сопруг, актерот Орландо Блум, а пејачката изведе неколку нејзини хитови, меѓу кои „Dark Horse“, „ET“, „California Gurls“, „Teenage Dream“, „I Kissed a Girl“ и „Firework“.

За песна на годината беше прогласена нумерата на Сабрина Карпентер „Espresso“, а по добивањето на првата MTV VMA награда, пејачката покрај таа песна ги изведе и песните „Please, please, please“ и „Taste“. Јужноафриканската уметничка Тајла ја освои категоријата за најдобар афробит со нејзиниот хит „Water“.

Меѓу добитниците на наградите беше и Чапел Роан, која беше прогласена за ѕвезда во подем, како и Лени Кравиц, чија песна „Human“ беше прогласена за најдобра рок песна и кој дефинитивно имаше најдобра изведба.

Водителка на церемонијата беше раперката Megan Thee Stallion.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.