Ноември е месец на Адел: Објавена листата на песни и најавени две специјални емисии
Во пресрет на нејзиниот долгоочекуван студиски албум, Адел најави два големи концерти во лондонскиот Хајд парк, кои ќе се оддржат на 1 и 2 јули наредната година.
Исто така најавени се и две специјални телевизиски емисии, кои ќе бидат емитувани овој месец.
Првата под наслов „One Night Only“ ќе ја емитува американската телевизиска станица CBS, а ќе ја води познатата Опра. Интервјуто е направено по нејзиниот специјален настап во паркот на опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес.
Една недела подоцна, Адел ќе одржи „An Audience With Adele“ во лондонскиот Паладиум, за посебно одбрани пријатели и членови на семејството. Ќе и се придружат и нејзиниот музички херој Елтон Џон, како и женската група Little Mix.
Програмата, која ќе ја води Алан Кар, ќе се емитува на британскиот канал ITV на 21. ноември. Ова ќе биде прв концерт на Адел во последните 4 години и на него ќе настапи со песните од новиот албум, вклучувајќи го и првиот сингл „Easy On Me“ кој веќе собори многу рекорди.
Целиот албум “30” ќе се објави на 19 ноември оваа година, а британската пејачка Адел ја претстави и листата со песни. Новиот албум ќе има вкупно 15 нови песни, 12 + 3 бонус нумери.