Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Музика

Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балада која и овој пат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар.

Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.

Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје, како и во хотелот Austrian Palace, а интересно е дека во нив освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната сопственичка на студиото Фигурела Наташа Петровска.

„По „Ако утре ме нема“ сакавме на публиката да ѝ понудиме нешто малку поразлично. Композиција која носи поинаква енергија, емоција и буди некои можеби малку меланхолични чувства“, велат Панчо и Андреј.

„Милион денови“ ќе биде дел од новиот студиски материјал кој е најавен во склоп на одбележувањето на убавиот јубилеј – 20 години ДНК, а ќе биде заокружен со голем солистички концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“. Билетите за концертот се пуштени во продажба и тоа преку продажната мрежа на Мктикетс.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.