Музика
НОВА ПЕСНА НА МАКЕДОНСКАТА КУБАНКА: Јасмин Лопез го објави спотот за „Fiesta Latina“ (ВИДЕО)
Кубанката која стана македонска снаа, Јасмин Лопез, неодамна во хотелот „Романтик“ во Велес го сними видеозаписот за песната „Fiesta Latina“.
Како што вели Лопез, песната звучи многу урбано и свежно, перфектно за танцување и забавување. Мелодиите ќе ве потсекаат на Мајами, Порторико, Колумбија и останатите латиноамерикански ритми во гласот на кубанската пејачка.
„Fiesta Latina“ е дело на дуото Лопез и Онелито, а уметнички директор на спотот е Зоран Василевски – Фаци.
Инаку, пејачката Јасмин Лопез од Куба веќе пет години живее во Скопје. Таа лани му кажа “Да“ на скопјанецот Ѓoрги Атанасов и тие денес живеат во скопската населба Ново Лисиче. Јасмин вели дека во Македонија дошла откако нејзиниот менаџер и кажал дека треба да настапи во Скопје.