Музика
Новогодишен подарок од Супер радио: Ремикс на „Учи ме мајко карај ме“, испеана од славејот од Лерин Simos Dines
Во пресрет на највеселите, новогодишни празници, охридското Супер радио подготви ремикс на традиционалната „Учи ме мајко карај ме“, песна која неодамна стана повторно многу актуелна, откако на YouTube се појави верзија испеана од славејот од Лерин, Simos Dines.
Искористен е дел од снимката, која го освои интернет просторот по изведбата која плени со емоција и искреност.
– Едно поинакво гледање на антологиската „(Лилјана) Учи ме мајко карај ме“ за највесела Нова година и празници. Уживајте во неповторливиот вокал и изведбата на Simos Dines, Македонец, музичар од Грција кој живее во село во близина на Лерин (Sareni Tsourapi), дудукот на ерменскиот виртуоз Djivan Gasparjan, добар ритам и бас линија, во комбинација со најубавите делови на Охрид во видеото, порачуваат од Супер радио.
Потенцираат дека не станува збор за комерцијален проект и дека сите можат слободно да го „симнат“ аудиото и видеото од песната, преку линковите кои се поставени за free download во описот на видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=zmDagZU5BP0