Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавени номинациите за Греми наградите

Музика

Објавени номинациите за Греми наградите

Објавени номинациите за Греми наградите

Академијата за снимање ги објави номинираните за 64. Греми награди, кои ќе се одржат во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 31 јануари.

Џон Батист, со албумот „We Are“, оваа година има најмногу номинации, 11 , вклучувајќи албум на годината, снимка на годината и најдобар R&B албум.

Џастин Бибер, Доја Кат и H.E.R забележаa осум номинации, додека Били Ајлиш и Оливија Родриго по седум.

Џон Батист и Џастин Бибер ќе се натпреваруваат за главната награда – албум на годината – заедно со тинејџерската сензација Оливија Родриго, соработката на ветеранот Тони Бенет со Лејди Гага, аренби уметникот Доја Кат, Били Ајлиш, H.E.RТејлор Свифт, и раперите Канје Вест и Лил Нас Екс.

Били Ајлиш трета последователна година успева да биде номинирана за снимка на годината, песна на годината и најдобра поп соло изведба, додека Оливија Родриго исто така има големи шанси да се запише во историјата: доколку однесе победа во сите четири општи категории, таа ќе биде само втората жена и втора најмлада личност која некогаш го направила тоа.

Во меѓувреме, трите номинации на Џеј Зи оваа година, исто така, му обезбедија место во историјата – со нов рекорд од вкупно 83 номинации во кариерата, и со тоа тој го надмина Квинси Џонс за титулата личност со најмногу номинации за Греми на сите времиња. Но, и Пол Мекартни исто така го надмина и со двете номинации оваа година се издигнаа на второто место на листата со вкупно 81 номинација.

Самите Греми ќе изгледаат малку поинаку оваа година, бидејќи во големите четири категории – песна на годината, снимка на годината, албум на годината и најдобар нов изведувач – сега ќе има по 10 номинирани наместо вообичаените осум.

Целосната листа можете да ја погледнете тука.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.