Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одбрана е евровизиската песна за Васил!

Музика

Одбрана е евровизиската песна за Васил!

Одбрана е евровизиската песна за Васил!

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со којашто македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

– „Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, Here I stand „се напиша” во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната. Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја „осудите”, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма.
Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, Here I stand е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена!
Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене“. – вели Васил Гарванлиев.

Песната ќе се снима во ренoмираното студио Fames во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали ќе се снимаат во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете.

Борче Кузмановски во македонската јавност е познат како клавијатурист на групата Нокаут, мулти-инструменталист кој соработува со речиси сите еминентни имиња од домашната поп, рок, џез и алтернативна сцена. Ангажиран е како продуцент и инженер на звук со портфолио кое вклучува повеќе од 500 музички дела за филм, театар, радио драма, промо видеа, трејлери, а соработува со домашни и странски корпорации за музика и семплови.

Давор Јордановски во Канада веќе дваесет години гради успешна кариера како изведувач, композитор и продуцент, во свои и проекти со други истакнати музичари. Зад себе има повеќе авторски албуми, а полето на делување му е прилично широко, од поп и џез музика, преку филмска и класична, па се до амбиентална, R&B и современа музика. Неговата работа како композитор, аранжер и продуцент вклучува компании како: Sony/ BMG, Westar Music, Sound Ideas, MDScoring.

– „И годинава одлучивме да го употребиме јавниот повик, испраќајки отворена покана до домашните и авторите надвор од земјата да се вклучат во селекцијата на евровизиската песна, како еден од начините да добиеме што пошироко понуда на песни, бидејќи никогаш не знаете кој ја има „вистинската“ песна. Задоволни сме од одзивот на авторите и од квалитетот на преслушаните демо и финални снимки, а тим од музички уредници од Македонската Телевизија и од Македонското Радио се согласи дека „Here I stand“, најмногу им прилега на вокалните способности и уметнички афинитети на Васил.Имајќи ја предвид големината на настанот, за одбраната песна се подготвува комплетен аудио-визуелен концепт, со кој се надевам дека сите ќе се гордееме“. – додава Мери Попова.

Песната „Here I stand“ со видео запис ќе биде промовирана на почетокот на месец март.

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев веќе ја сними и евровизиската разгледница, годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.