Одложено е 64-тото доделување на Греми наградите поради страв од Омикрон
На официјалната веб-страница на Греми организаторите објавија дека доделувањето е одложено до понатамошно известување поради неизвесност околу варијантата Омикрон.
Организаторите на Греми наградите, кои треба да се одржат на крајот на месецот, го одложија настанот втора година по ред поради зголемениот број на заболени од Ковид.
пПо
-По внимателно размислување и анализа со градските и државните власти, експертите за здравје и безбедност, уметничката заедница и нашите многубројни партнери, Recording Academy и CBS го одложија 64-тото доделување на Греми наградите – се вели во соопштението на grammy.com.
– Здравјето и безбедноста на оние во нашата музичка заедница, публиката и стотиците луѓе кои неуморно работат на производство на нашата награда сè уште се наш главен приоритет. Со оглед на неизвесноста околу варијантата Омикрон, одржувањето на наградите на 31 јануари е едноставно премногу ризично. Со нетрпение очекуваме да ја прославиме најголемата музичка вечер во иднина, а датумот ќе го објавиме наскоро – рекоа тие.
Доделувањето на наградите требаше да се одржи во Крипто Арената во Лос Анџелес, повторно со Тревор Ноа од „Дејли шоу“ во улога на водител. Минатогодишните Греми награди беа одложени од јануари за март, исто така поради пандемија.