Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одржана втората полуфинална вечер на Евровизија, познати и последните 10 финалисти

Музика

Одржана втората полуфинална вечер на Евровизија, познати и последните 10 финалисти

Синоќа во Ливерпул се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Шеснаесет музички изведувачи ги претставија своите земји, а публиката гласаше за изборот на песните кои ќе бидат во финалето.

На големата евровизиска сцена во M&S Bank арената се претставија натпреварувачи од Ерменија, Кипар, Романија, Данска, Белгија, Исланд, Грција, Естонија, Албанија, Австралија, Австрија, Литванија, Сан Марино, Словенија, Грузија и Полска. Од 16 земји, односно претставници, 10 продолжија во финалето.

Земјите кои се пласираа во финалето се Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.

Во финалето за победа ќе се борат вкупно 26 земји, земјите кои се натпреваруваа во двете полуфинални вечери и претставниците од земјите од „големата петорка“ составена од: Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.

Големото финале на Евровизија ќе се одржи во сабота на 13 мај со почеток во 21 часот.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.