Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Официјално: Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија!

Музика

Официјално: Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија!

Иако Украина е победник на Евровизија 2022 година, следното натпреварување нема да се одржи во оваа земја поради воената состојба во која се наоѓа.

Со месеци се шпекулира дека следната Евровизија нема да се одржи во Украина, поради воената состојба во оваа земја. Сега Европската радиодифузна унија (ЕБУ) официјално објави дека познатиот музички натпревар дефинитивно ќе се одржи во Велика Британија, земјата која го освои второто место на овогодинешниот Евросонг.

ЕБУ ги отвори преговорите со Би-Би-Си, а се уште не се знае кој град ќе биде домаќин. Големи се шансите Евровизија 2023 да се одржи во Глазгов или Манчестер, но секако сите градови за кои се шпекулира ќе мора да поминат низ процесот на наддавање и во исто време да имаат се што е потребно за овој голем настан, како што се соодветни капацитети. Пред неколку месеци организаторите објавија дека не се исполнети условите тој да се одржи во земјата од каде што е годинешниот победник, односно во Украина.

Како што тогаш објави Европската радиодифузна унија, имало разговори со украинската телевизија UA:PBC за тоа како може да се одржи натпреварот во оваа земја. Но, по направеното истражување, заклучено е дека не постои можност таму да се одржи Евровизија од безбедносни причини.

– Иако е традиција победникот на Евровизија да биде домаќин следната година, откако направивме истражување врз основа на различни критериуми, заклучивме дека не е возможно натпреварот да се одржи во Украина.

-Евровизија е една од најкомплексните ТВ продукции, со илјадници луѓе кои работат на натпреварот, но и присуствуваат, а на самиот настан се потребни 12 месеци за да се подготви – напишаа меѓу другото во најавата.

Да потсетиме, на Евровизија одржан во мај 2022 година во Италија, победи украинската група „Калуш оркестар“ со песната „Стефанија“.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.