Ова и недостигаше на македонската сцена, рап за секое уво: Нешо и Валери звучат светски (ВИДЕО)
Во последно време рап-сцената цвета во Македонија се појавија многу нови имиња, некои од нив со повеќе квалитет, некои помалку, но факт е дека ова е нивно време. А, дефинитивно ова е идеално време и за раперот Ненад Ставровски – Нешо кој пред само неколку дена објави нова песна со наслов „Ќе биде“.
– Таа ми е една од омилените од мојот прв соло-албум „Балканизам“, кој излезе во етер на 10 мај. Се што сакам да пренесам со оваа песна е дека треба да се научиме после пораз да ја кренеме главата горе и да се движиме кон следната рунда од животот – вели раперот Нешо кој пред неколку дена ја промовираше својата најнова песна, а на која му гостува и младата пејачка Валерија.
Тој вели дека во текстот на песната ќе се пронајдат многумина, а причина за тоа е општеството во кое денеска сите живееме.
Нешо се потпишува и како автор на текстот, додека пак зад музиката, аранжманот, и мастерингот стои потписот на Темелко Андреев, кој впрочем е режисер и на видеоспотот на „Ќе биде“.
Инаку Нешо не е нов на македонската музичка сцена, туку е рапер кој веќе години наназад твори и ја освојува публиката во нашата земја, па и пошироко. За разлика од некои останати инстант-рапери, Нешо и неговиот тим внимателно бираат каква порака ќе пратат во општеството.
Ова е неговата „Ќе биде“, погледнете и споделете: