Почина познатиот пејач Маринко Роквиќ
Српскиот пејач на народна музика Маринко Роквиќ почина денеска, во Белград, на 68-годишна возраст по тешко боледување.
Тој неодамна бил хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.
По неговата смрт, семејството на Маринко Роквиќ се огласи и откри дека пејачот се борел со рак на панкреасот
– Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на панкреасот. Во овој исклучително тежок момент семејството ве моли да ја почитувате нејзината приватност. Деталите за датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна, се вели во информацијата.
И претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ упатија сочувство за смртта на пејачот.
Со децении беше во брак со Славица Роквиќ, со која има два сина, Никола и Марко, кои исто така се занимаваат со музика.